На 10.11.2020 околу 12.30 часот во Полициска станица Ресен било пријавено дека на ул.,,Мите Трајчевски” во магацин за складирање јаболка настанал пожар при што биле зафатени и кровната конструкција и куќа во сопственост на И.М. и Ж.М. двајцата од Ресен.
Бил опожарен и трактор „Фергусон ИМТ 539″, дрвена конструкција од настрешница, дел од покрив и 700 гајби со јаболка. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Ресен.



