Членот на ИК на УМС на ВМРО – ДПМНЕ и претседател на УМС Аеродром, Стефан Синадиновски денеска беше снимен како поставува плакат од министерот за здравство, Венко Филипче, во кој е портретиран како озогласениот косач, симбол на смртта, објави Локално.мк.
Овие „акции“ доаѓаат во време кога Македонија брои рекорден број на жртви од коронавирусот, а неговата партијата секојдневно бара оставка од Филипче. Сметаат дека токму актуелната власт е виновна за ваквата состојба во здравството, а дел од јавноста коментира дека оваа е уште еден дефокус од нивната вина за не преземање одговорност за своето владеење и работа токму во здравството, коеденеска велат декае на колена.

Инаку Синадиновски е познат на јавноста откако беше дел од групата членови на партијата кои пред една година беа повикани во полиција поради постоење основи на сомнение дека оштетиле туѓи предмети.



