Уште еден министер во владата на албанскиот премиер Еди Рама е позитивен на Ковид-19. Како што лично објави на својот профил на Фејсбук позитивна на вирусот е Анила Денај, министерка за финансии.
-Драги пријатели. По тестирањето за Ковид-19, ве информирам дека резултатот е позитивен. Моментно сум во карантин, следејќи ги упатствата на лекарите. Ве повикувам сите да ги почитуваме препораките за носење маска, одржување дистанца и хигиена. Ви поскаувам здравје на сите, напиша Денај.
Ова е трет случај на заразен член од кабинетот на премиерот Еди Рама. Позитивни на Ковид-19 се министерската за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку и министерот за туризам и животна средна, Бленди Клоси.
Поради лошата епидемиолошка состојба, како мерка за спречување на ширењето на вирусот, од синоќа, па во следните три недели Комитетот на експерти го врати полицискиот час, од 22:00 до 6:00 часот. Кој не го почитува предидена е казна од 80 евра.
Министертвото за здравство и социјална заштита вчера информираше дека во изминатото деноноќие регистрирани се 507 новозаразени,140 оздравени и 11 починати лица.