Бугарските власти соопштија дека во државата се евидентирани 3.945 новозаразени од коронавирус во последните 24 часа, што е нова рекордна бројка за еден ден од почетокот на пандемијата. Спроведени биле околу 10 илјади ПЦР тестови.
Процентот на нови позитивни примероци е скоро 37 отсто о тестираните лиц. Во изминатите 24 часа регистрирани се 47 смртни случаи од коронавирус, додека 4.400 пациенти се во болничките
одделенија во целата земја.