Водител на Фокс њуз објави листа на починати лица, за кои тврди дека гласале

Водителот на Фокс њуз, Такер Карлсон објави листа со имиња на 25 лица за кои тврди дека починале, а сепак гласале на претседателските избори во САД, упатувајќи критики до медиумите бидејќи не известувале за наводните изборни измами.

Карлсон изјави дека „починатите избирачи веројатно гласале за демократскиот кандидат Џо Бајден”, иако нивниот избор на гласачките ливчиња не е познат, пишува Дејли мејл и напоменува дека водителот нема докази за неговите тврдења.

Тој призна дека откривањето на листата со починатите лица кои гласале можеби не е доволно за да се смени резултатот од изборите во корист на Трамп, но според него поентата е дека постоеле такви гласачки ливчиња.

– Тие се починати, но секако гласале. Прашање е како успеале во тоа? Како точно го дале својот глас? Краткиот одговор е – преку пошта. Починатите често гласаат кога ќе им овозможите да гласаат. Тие се како група. И оваа година им овозможивме на починатите лесно да гласаат, истакна Карлсон.

На листата, која водителот ја објави синоќа, се наоѓаат имињата на најмалку четири лица од Џорџија, каде разликата меѓу републиканскиот и демократскиот кандидат, Доналд Трамп и Џо Бајден е помала од 15.000 гласови. На списокот се наоѓаат и неколку починати луѓе од Невада, каде властите не ги ажурирале податоците за околу 41.000 гласачи повеќе од десет години.

Треба да знаете
Последни објави