Заев лаже, 4 години не направи ништо ниту инвестиции во енергетиката ниту во инфраструктурата

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на Владата 

„Граѓаните не видоа ништо добро и корисно од оваа мафија на власт на чело со Заев, која им ветуваше 600 километри автопатишта ширум државата, регионални патишта, им ветуваше капитални инвестиции и многу инфраструктурни проекти. Неспособната СДСМ на власт неможе да ја одржува инфраструктурата изградена од ВМРО-ДПМНЕ, па ќе гради нови патишта.

И извештајот на Европската комисија за енергетика, инфраструктура и внатрешен пазар на енергија им препорачува на СДСМ дека треба да се инвестира во нови ресурси, потоа дека се потребни поголеми инвестиции во енергетската ефикасност. Време е СДСМ да ги тргне розевите очила, да прекине со “мафтосување” на јавноста и да се зафати со работа.

Секоја година нивото на реализација на капитални инвестиции е нешто над 50 отсто. И со ребаланс на буџетот власта скрати пари за капитални инвестиции, а додека кај непродуктивните трошоци нема намалување. Капиталните инвестиции се на катастрофално ниско ниво, и со тоа СДСМ и Заев го доведуваат градежниот сектор во опасност. Според последниот извештај капиталните инвестиции изнесуваат едвај 40 отсто.

Затоа Светската банка излезе со црни предвидувања за Македонија. Неспособноста на СДСМ ја дотера економијата во амбис. Се предвидува пад на економијата од 5,4 отсто до крајот на годината, додека само за првиот квартал македонската економија бележи пад од огромни 12,7 проценти.

СДСМ покажа дека знае само да продава, а ништо не гради. Мафијата на Заев е неспособна и знае само да се богати на грбот на граѓаните.“

Треба да знаете
Последни објави