Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ може да продолжи да игра за италијанскиот клуб. Триесет и деветгодишниот Швеѓанец сака да го обнови договорот со клубот, пренесува „AC Milan Reports”.
Неговиот сегашен договор истекува во летото 2021 година.
Забележано е дека Ибрахимовиќ е уверен дека клубот ќе може да влезе во Лигата на шампионите според досегашните резултати и игри од тековниот италијански шампионат.
Ибрахимовиќ оваа сезона постигна осум гола на пет натпревари во Серија А.