Без возачка дозвола вчера низ улиците во Скопје возеле 51 граѓанин, а 38 возачи управувале нерегистрирани автомобили.
Министерството за внатрешни работи, соопшти дека во текот на вчерашниот ден во засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, само на територијата на град Скопје санкционирале вкупно 348 возачи.
Од казнетите, меѓу другите, изречени се 85 мерки за непрописно паркирани возила и 23 санкции за неносење заштитна маска.
Полицијата апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедноста во сообраќајот.