Манасков постигна рекорден број голови на еден меч во историјата на Веспрем

Македонскиот  ракометен репрезентативец, Дејан Манасков имаше неверојатно евикасен настап  на вчерашниот лигашки меч за својот Веспрем против Ференцварош на кој постигна повеќе од половина погодоци во триумфот од 29:25

Мансков ја погоди прптивничката мрежа дури 16 пати со што е ја мина бројката од 400 голови во дресот на унгарскиот Веспрем. Меѓутоа оваа партија го запиша Манасков и во историјата на Веспрем како играч со најмногу постигнати голови на еден натпревар.

Оваа информација ја соопшти клубот кој му честиташе на македонскиот репрезентативец за постигнатиот клупски рекорд.

Треба да знаете
Последни објави