Познатата кантри-пејачка и текстописец Марен Морис во средата вечерта освои најмногу трофеи на овогогодишното доделување „ЦМА“ награди, а најголемиот трофеј – женски вокал на годината – го посвети на придонесот на Афроамериканките во кантри музиката.
Морис освои три трофеи на настанот со социјално дистанцирана публика, а својата победа им ја посвети на младите афроамерикански кантри-пејачки,
30-годишната Морис им даде посебен акцент на афроамериканките во жанрот, вклучувајќи ги Бритни Спенсер, Ријанон Гиденс, Линда Мартел, Јола, Риси Палмер и Мики Гајтон додека ја примаше најголемата награда на настанот во Нешвил.
Таа застана пред физички оддалечената публика и рече: „Има толку многу неверојатни црнкињи кои продолжуваат како пионери во овој жанр, и јас знам дека тие надоаѓаат зад мене.“