Од почетокот на пандемијата досега, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ секојдневно покажуваат дека здравјето на граѓаните им е на последно место. Ним не им е битно здравјето на граѓаните, тие остануваат најголемата закана по јавното здравје, мрачни некрофили кои се обидуваат политички да профитираат врз несреќата на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се обидуваат на секој начин да го поткопаат здравствениот систем, да ја отежнат работата на здравствените работници, а од друга страна глумат дека се загрижени за здравјето на граѓаните.
Мицкоски секојдневно се радува на бројот на починати од Ковид 19 и како едвај да чека бројот на починати од коронавирусот да се зголемува, за навечер да објавува содржини на социјалните мрежи каде се радува на несреќата на стотици семејства.
И додека Мицкоски глуми загриженост, членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Вело Маркоски секојдневно излегува со скандалозни изјави. Марковски на сите доктори кои препишуваат „Сумамед” во стандардна терапија индиректно им го стави на товар бројот на починати од “Ковид-19”.
Претходно, Марковски ги убедуваше граѓаните дека вирусот не е опасен, дека нема да има есенски бран и дека маски воопшто не треба да се носат. Со тоа Марковски се обидува да го поткопа здравствениот систем.
Некрофилната кампањата што ја тера Мицкоски врз грбот на починатите и заболените од светски раширениот коронавирус, врз грбот на нивните семејства, роднини и пријатели го покажува неговото политичко дно.
Заради таквото однесување Мицкоски е казнет од граѓаните, заради таквото однесување ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција и уште долго ќе остане таму.