На 11.11.2020 во 13.00 часот во СВР Скопје, А.З.(38) од Скопје, вработен како такси возач, пријавил дека на 10.11.2020 околу 23.20 часот на бензинска пумпа на подрачје на Бутел бил физички нападнат од едно лице кое го превезувал во такси возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.