Потпретседатаелот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска во гостување во Телевизија 24, истакна дека фокусот на министерот на здравство фокус му е изгледа да биде кандидат за избор на маж на годината, а не да се справува со коронавирусот, и потсети дека зад Венко Филипче сеуште стои аферата за плацевите во Нерези во сосопственост на сега заменик министерот за здравство.
-Да ја потсетам македонската јавност дека по сите анкети министерот за здравство имаше најслаб рејтинг во Владата на Зоран Заев имаше и некои шпекулации за промена, се појави и негова голема финансиска афера и пред појава на коронавирусот со некаде 15-тина илјади квадрати плацеви во скопско Нерези на кои што сосопственик е сегашниот заменик министер за здравство, значи ортаците сега станаа министер и заменик, но потоа пробаа со добар пи-ар тоа да се заборави, потсети Николоски.
Николоски истакна дека ако министерот за здравство мисли дека во услови на 1,300 заболени дневно, со бројка која ќе бележи и до 2,000 починати до крајот на годината дека ќе треба да троши денес време за да претставува колку е голем „мачо мен“ по најавата за негово кандирање на маж на годината, во услови кога голем број луѓе умираат и стравувањето со кризата треба да е фокус, е навистина погрешно и лошо кога вакви работи му се фокус на министерот.