Министерот за здравство, Венко Филипче вечерва им честиташе на фудбалерите за пласманот на Европското првенство. Воедно, ги замоли да прослават со почитување на мерките.
-Браво момци Македонци! Секоја чест, испишувате историја! Голем ден за заслужено славје, сепак ве замолувам тоа да биде со почитување на мерките за заштита. Возбудата е огромна, но верувам дека ова е само почеток на прославите на успесите на македонската репрезентација, напиша Филипче.