Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска нагласи дека Скопје од апсект на земјотреси е безбеден град.
– Она што е добро наслество, што го имаме наследено, е дека заради катастрофалниот земјотрес во 1963 година сериозно се дигнати стандардите на безбедност. Она што го знам е дека сите проекти и сите згради кои се градат едноставно во постапката за добивање градежна дозвола мора да поминат преку Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) да добијат и сеиозмолошка согласност. Така што мислам дека од тој аспект Скопје е безбеден град, вели Шилегов.
Меѓутоа, додава тој, природата е чудо и не можеме да бидеме генерално сигурни дека е тоа така.
– Тоа што јас инсистирам е да остане во делот од постапката мислењето од сеизмолошкиот завод со цел објектите кои се градат во градот да бидат колку толку сеизмолошки безбедни, посочи Шилегов.