Во мировната операција за решавање на конфликтот во Нагорно-Карабах ќе учествуваат руските хеликоптери Ми-8 и Ми-24, се вели во соопштението на Министерството за одбрана на Русија, пренесува „Спутник“.
Осум хеликоптери Ми-8 и Ми-24 беа испорачани на еден аеродром во Ереван со воениот транспортен авион Ан-124 Руслан.
Претходно, рускиот Генералштаб објави дека 414 руски мировници и неколку десетици автомобили и други возила, како и осум хеликоптери и беспилотни летала биле пренесени во Нагорно-Карабах за еден ден.
Вкупно, групата треба да опфаќа 1.960 воени лица со мало оружје, 90 оклопни транспортери, 380 автомобили и друга опрема.
Лидерите на Русија, Ерменија и Азербејџан во понеделникот усвоија заедничка изјава за прекин на воените дејствија во Нагорно-Карабах, што траеше од крајот на септември. Примирјето стапи на сила во 21:00 часот истиот ден.