Земјите од регионот во битката со пандемијата предизвикана од коронавирусот ги засилуваат рестрикциите. Покрај каранитинот што е веќе на сила пет дена, Грција од утре воведува и ограничувањето на движењето за граѓаните, од 21 до 5 часот. Одлуката доаѓа откако било констатирано дека има непотребна раздвиженост на граѓаните. Веќе три дена по ред, бројот на починати од коронавирусот во Грција е над 40 лица дневно, а од ден на ден, сѐ повеќе се зголемува и бројот на пациенти приклучени на апарати.
Полицски час од 23 до 5 наутро воведе и Босна и Херцеговина. Забраната за движење се однесува на територијата на целата федерација БИХ, а од одлуката, ќе бидат изземени оние кои работат во смени во текот на ноќта, како и јавните службеници кои работат на спроведување на мерките.