Денеска во селото Драчево, на потегот од ул. Сердарот до ул. Методија Патчев, Општина Кисела Вода со сопствени средства започна со активности за реконструкција на улицата Негоричанска.
Во моментов, на улицата, во должина од 400 метри и ширина од 4 до 5 метри, се поставува асфалт.
Увид во активностите, направија претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ и членот на Советот, Дарко Филиповски.
Општината и во иднина, со силно темпо ќе продолжи да ја обновува Кисела Вода.