Македонската фудбалска репрезентација во својот речиси тридецениски настап на меѓународната сцена вечерва во (18 ч.) во Тбилиси ќе го полага најтешкиот испит насловен Европско првенство. Истиот предзнак за историскиот меч е и за домаќинот Грузија.
Сонот на генерации фудбалери, селектроти, спортски работници и љубители на спортото имаат можност да го направат реалност на „Динамо арената“ избраниците на Игор Ангеловски – Мрме предводени на теренот од искусниот најдобар стрелец во „црвен-жолтиот“ дрес Горан Пандев. Стасаа до финалето од Д сегментот во Лигата на нации, кој и на помалите селекции им го скратува патот да се најдат на завршницата од ЕП со позитивни резултати. Тој пат беше успешно изоден, а сега пред македонските репрезентативци е завршниот чекор.
Македонија и Грузија изминатите два месец од новото издание во Ц сегментот од Лигата на нации одиграа дав меча како увертира на вечерашниот, и двата завршија без победник 1:1. И ова зборува дека решавачкиот дуел кој може да биде историски да двете селекции дека ќе го решаваат моменти, потези, инспирација, психо-физичка стабилност…
Македонската експедиција отпатува со проблеми за Грузија. Поради повреда во Скопје остана Енис Барди, а позитивните тестови на коронавирусот ги елиминира од конкуренција Кире Ристевски и Крсто Велкоски. Добра вест е тоа што синоќешниот тренинг во Тбилиси го одработи големиот борец Арјан Адеми кој со соиграчите замина повреден. И Грузија има слични проблеми поради коронавирусот, но реалноста во времето на пандемијата е таква.
Двете селекции кога станува збор за предноста од трибините ќе бидат во рамноправна положба без разлика што „Динамо арената“ ќе биде местото на одигрување на решавачките 90 минути, бидејќи трибините ќе бидат празни и притисокот од гледалиштето нема дополнително да влијае ниту на едните, ниту на другите игрчаи. Теренот ќе биде единствениот мегдан да покажат кој е подбриот.
Ако се погледне статистиката таа вели дека Грузија кога игра како домаќини ретко губи, а нивните бројки во последните три години се импресивни.
Само една репрезентација успеала да си замине од Тбилиси со освоен цел плен. Минатата година во март, Швајцарија со два гола рутински ја победи грузиската репрезентација, што само ја докажува мотивираноста на избраниците на Владимир Вајс кога е во прашање одбрана на домашниот терен.
Кога ќе се погледнат наназад настапите и победа за македонскиот тим на гостувањата последен пат тоа било направено минатат година во Летонија. Одтогаш четири меча на гостински терен македонскиот државен тим нема победа, но сега е решен да ја прекине таа низа и да оди на ЕП.