Македонските кошаркарки денеска во Рига ќе се соочат со Хрватска

Македонската женска кошаркарска репрезентација денеска од 15.30 часот ќе излезе на мегдан со соодветната селекција на Хрватска во квалификациски меч за пласман на Евробаскетот во 2021 година.

Овојпат квалифиакциите поради пандемијата со коронавирусот продолжуваат со систем „балон“ во Рига, каде од денеска до 14 ноември ќе се одиграат по две кола од групата И. Македонија која по двата стартни порази на гости кај Германија (105:40) и дома од Летонија (39:98) ќе го игра првиот меч со Хрватска, а птоа ги очекува и новата пресметка со Германија.

Македонија за овие дуели ќе биде посила со американската кошаркарка Девана Бонер.

Треба да знаете
Последни објави