Македонските надежи до 19 години ремизираа во вториот тест со Црна Гора

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 19 години на денешниот втор контролен дуел одигран во Скопје со врсниците од Црна Гора ремизираше (1:1). На првата средба одиграна пред два дена македонските надежи  со истиот ривал победија со 1:0.

Репрезентација за играчи до 19 година требаше да учествува на завршните квалификации за настап на ЕП со соодветните селекции на домаќинот од групата Шпанија, како и селекциите на Белгија и Бугарија, но поради пандемијата од коронавирусот истите УЕФА ги откажа, па овој репрезентативен термин го искористи да одигра два контролни натпревари.

 

Треба да знаете
Последни објави