МЗТ Скопје и Работнички ги играат вторите мечеви во АБА-2 лигата

Македонските кошаркарски претставници во регионалното АБА-2 натпреаврување староседелецот МЗТ Скопје и деботантот Работнички денеска ќе ги одиграат вторите натпревари на турнирот во Златибор. На стартот двата македонски претставника беа поразени, а денеска ќе имаат прилика да го поправат впечатокот.

Работнички од 17 часот за противник ќе ја има екипата на Подгорица (17 часот), тим кој докажа дека не е за потценување со победа над МЗТ Скопје.

Македонскиот шампион МЗТ Скопје од 21 часот ќе излезе на мегдан против Сутјеска, тим кој важи за поквалитетен состав.

Треба да знаете
Последни објави