Потпретседатаелот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското собрание, Александар Николоски, утрово на гостување во „Студио 10″ во Телевизија 24, посочи дека на проблемот со Бугарија политичарите му пристапуваат инфериорно, но за да се решат треба повеќе храброст, но и средување на проблемите внатре во државата за да се зголеми притисокот кон Софија.
-Не можам да се сложам со политиката на политичкото милје во Македонија, кои на проблемите им пристапуваат од позиција на инфериорност и дека така мора, сметам дека може поинаку, а во случајот со Бугарија ако Македонија има средени проблеми внатре ќе биде далеку пред Бугарија и ќе има далеку поголем притисок кон Софија, затоа што Европската унија сака средени држави, но за жал Македонија во
моментов не е – вели Николоски.
Николоски истакна исто така дека ако гледаме краткорочно за жал нема да ја добиеме оваа битка со Бугарија.
-Мислам дека на долг рок можеме да ја добиеме, но треба повеќе храброст, средување на домашните работи и добар лобинг надвор, посочи Николоски.