Општина Аеродром со цел да овозможи поголема вклученост на граѓаните и граѓанскиот сектор во креирањето на буџетот за 2021 година, објави анкетен прашалник на кој граѓаните ќе можат да ги дадат своите мислења, предлози и идеи од јавен интерес и од различни сфери во надлежност на локалната самоуправа.
Дадените одговори на граѓаните ќе бидат разгледани и анализирани од соодветните служби во општината, според кои ќе се креира буџетот за 2021 година.
Прашалникот е објавен на веб-страницата на Општина Аеродром на следниов линк: https://s.surveyplanet.com/2hmsX7uZ3, а ќе трае до 23 ноември.
Општина Аеродром како отворена, услужна и транспарентна општина ги повикува граѓаните да го пополнат прашалникот и да се вклучат во подготвувањето на буџетот, кој е во нивни интерес.