Османи: Фондот за Западен Балкан- дополнителна алка на регионалната соработка

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, оствари средба со извршниот директор на Фондот за Западен Балкан (Western Balkan Fund-WBF), Герг Мура.

За време на средбата соговорниците разговараа, пред се’, за претстојното претседавање на Северна Македонија со Фондот (2021) и потребните подготовки во таа насока, како и за заедничко изнаоѓање начини за унапредување на целокупната регионална соработка и успешна имплементација на одобрените проекти.

Фондот за Западен Балкан сигнализира уште еден конкретен чекор за развивање европски пристап на соработка на регионално ниво овозможувајќи зголемување на креативниот инпут на повеќе нивоа од цивилниот до научниот сектор, што придонесуваат за севкупна интеракција и размена на знаења, вештини, иновации и создавање нови вредости“, истакна Османи.

Османи го информираше Мура и за Софискиот Самит, како круна на успешното ко-претседателство на Република Северна Македонија и Република Бугарија со Берлинскиот процес.

Имавме успешен Самит и успешно ко-претседателство. Самата идеја, за заедничко домаќинство со овој процес, која за прв пат беше применета во рамките на Берлинскиот процес претставува јасен сигнал за зајакнатата регионална сопственост на процесот и дополнително ги зајакнува напорите насочени за политичка и социо-економска конвергенција и кохезија на земјите од регионот и на регионот во целина со ЕУ”, истакна Османи.

Соговорниците се согласија дека унапредување на регионалната соработка преку јакнење на политичката и економската соработка, промоција на културната соработка, научни размени, истражување и соработка во полето на едукацијата, остануваат во фокусот на Фондот и на нашата земја како иден претседавач. Значењето на Фондот за Западен Балкан беше потврдено и преку нивно вклучување во Заклучоците на Самитот во Софија, како дел од Берлинскиот процес.

Треба да знаете
Последни објави