Предолго време се чека на пласман или успех на некое првенство, нашиот народ заслужува успех, изјави легендата на македонскиот фудал, Дарко Панчев во „Студио 10“ на ТВ24 пред вечерашниот натпревар меѓу Грузија и Македонија.
-Ниедна генерација досега не покажа капацитет да биде близу до одреден успех да се пласираме на првенство. Оваа нација тоа го заслужува и оваа генерација благодарение на измените кои ги направи УЕФА, имаше среќа да ја дочека шансата и мора да ја искористи, зошто прашање е кога УЕФА повторно ќе дозволи една послаба екипа, повторно да оди на европско првенство. Ова треба да се искористи и да докажеме дека сме биле најдобри од 16те селекции и сега е денот Д за играме во финале со Грузија. Поквалитетна екипа сме, имаме подобри поединци и на крајот се зависи од играчите кои тоа треба да го покажат на теренот, рече Панчев.