Пецаков: Се што е во насока на евроинтеграција на Македонија и подобрување на стандардот на граѓаните, ќе биде поддржано од ВМРО-ДПМНЕ

Вечерва Кирил Пецков, пратеник и член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во емисијата „Патот кон“ на Алсат телевизија. При своето гостување посочи дека иако власта има мнозинство во македонскиот Парламент од 62 пратеници, сепак власта и опозицијата по однос на пратеници во Собранието учестуваат со изедначени сили. Тенкото мнозинство кое што го има власта се одразува и на функционалноста на Собранието. Така што една седница за да се одржи, обично започнува со задоцнување и со многу прекини во текот на работниот ден.

„Власта има мнозинсто во Собрание од 62 пратеници и на нив останува организирањето и обезбедуањето кфорум за работа. Но, реалноста е дека стануа збор за апсолутно изедначени сили во Собранието меѓу власта и опозицијата, односно бројот на оние пратеници кои што ја прават власта и бројот на пратеници кои што се во опозиција, што самото по себе доведува по мачен процес за владеачкото мнозинство по однос на динамиката на носење закони и сите оние работи кои што сакаат да ги спроедат. Меѓутоа, затоа се тие власт“, рече Пецаков.

Пецаков посочи и дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржат се што значи подобрување на стандардот и животот на граѓаните.

„Реформските закони, најголем дел не се носат со 61 или 62, точно се носат со двотретинско мнозинство, меѓутоа сето она кое што е во насока на евроинтеграција на Македонија и подобрување на стандардот на граѓаните на Република Македонија, а со тоа и животот на граѓаните, ќе биде поддржано како што било поддржувано и во минатото и тука не треба никој да има дилеми. Затоа што посебно се наоѓаме во период кој што се нарекува КОВИД криза во кој за жал никој не е одминат и токму мерките и сето она кое што треба да го носиме во наредниот период, треба да биде буквално донесено и посебно кога станува збор за реформски закони треба да биде донесено буквално од сите 120, а не дали ќе биде со 62, 65 или 68“, истакна Пецаков.

Што се однесува до предлогот од владејачкото мнозинство за онлајн седници, пратеникот Пецаков вели дека во Уставот јасно е дефинирано дека уставна должност е секој пратеник да ги носи одлуките внатре во Собранието, и посочи дека тоа е ставот на ВМРО-ДПМНЕ и дека тие како пратеници од опозицијата нема да отстапат од тоа.

Треба да знаете
Последни објави