Дегустација, оценување и награди за млади вина од домашни производители за денот на „Beaujolais nouveau” за 2020 година се откажува поради пандемијата од Ковид-19, информираат од Здружението на македонски винари.
– За жал ваквите одлуки се тешки, но неопходни, со цел да се вклучиме во борбата против ширењето на Ковид-19. Цврсто веруваме дека наредната година ќе ни донесе подобрување во сите сегменти на нашиот живот, а дотогаш на сите винари и љубители на доброто вино кои со нетрпение го чекаа овој настан, им посакуваме пред сѐ добро здравје и секое добро, нагласија од Здружението.
Оттаму препорачаа да се консумира одговорно, за добро здравје и подобри времиња.