На ковид одделение во Кавадарци починал дедото на двете момчиња кои претходно починаа на Инфективната клиника. Оваа информација дополнително ја растревожи Тиквешијата, откако претходно ја обзеде жал по 26 и 21 годишните млади кавадарчани.
– Точно е дека на ковид одделението почина лице со истото презиме и на истата адреса како и момчињата, за МИА утрово потврдија од кавадаречката болница.
Оттаму ни кажаа дека две лица починале на тоа одделение во изминатите 24 часа, со многу сериозни коморбидитети. Едното на 77, а другото на 74 години.