Државниот секретар на Џорџија, републиканецот Бред Рафенспергер изјави дека нема индиции дека во таа земја има раширена кражба на гласови за време на пребројувањето на гласачките ливчиња за претседателските избори.
Тој во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека наредил рачно пребројување на гласовите поради блискиот резултат и изрази уверување дека гласовите досега се правилно регулирани.
– Во тек е истрага за можна кражба на гласови, но не видовме дека нешто е раширено, рече Рафенспергер.
Тој додаде дека досега нема толку многу отстапувања што би направиле пресврт во изборниот резултат.
Во Џорџија, новоизбраниот претседател Џо Бајден во моментов има предност од 14.000 гласови.
Победата воЏорџија носи 16 изборни гласови.