Реките и двете најголеми езера, Охридското и Преспанското, под ноемврискиот просек

И денеска водостоите на реките во земјава се под просекот за ноември, покажуваат хидролошките мерења. Најдрастично е намалувањето на Вардар кај Јегуновце и на Сатеска кај Ботун, преполовени се Црна Река кај Новаци, Струмица кај Ново Село и Крива Река кај Крива Паланка, а Лепенец кај Скопје е три пати пониска од просекот.

Незавидна е состојбата и со двете најголеми езера во земјава, Охридското и Преспанското.

Охридското Езеро и натаму е под просекот, на котата 693,13 метри, што е само три сантиметри над дозволениот минумум утврден на 693,10 метри надморска височина. Просекот во ноември н Охридско Езеро е 693,26.

Преспанското Езеро, пак, е се уште под апсолутниот минумум. Само Дојранското Езеро е над просекот за ноември.

Треба да знаете
Последни објави