Рекорден број смртни случаи, 439, се регистрирани денеска во Русија, како резултат на последици од коронавирусот, со што вкупниот број починати достигна 32.032.
Исто така, во последните 24 часа се регистрирани 21.608 новозаразени, од кои речиси 6.000 се во Москва. Во исто време, се излекувале околу 18.000 пациенти, пренесува агенцијата ТАСС.
Вкупниот број заболени лица од почетокот на пандемијата е 1.85 милиони.