Телефонски разговор Чавушоглу – Дендиас за здравствената состојба на шефот на грчката дипломатија

Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу денеска му се јавил на неговиот грчки колега за да се информира за неговата здравствена состојба, со оглед на тоа дека Никос Дендиас, од вчера е во превентивен карантин, јави дописничката на МИА од Атина.

-Денеска имав телефонски разговор со МНР на Турција Мевлут Чавушоглу на кој му се заблагодарив за интересот за моето здравје. Истакнав дека сум многу добро и дека сум во карантин исклучиво од превентивни причини, напиша Дендиас на „Твитер”.

Шефот на грчката дипломатија е во карантин по контакт со заразено лице, а вчера преку „Твитер” соопшти дека според резултатот од рапид тестот што го направил не е позитивен на Ковид-19, но дека превентивно, неколку дена, ќе биде во карантин.

Треба да знаете
Последни објави