Хју Грант за борбата со коронавирусот и чудните симптоми

Британскиот актер Хју Грант (60) проговорил за својата борба со коронавирусот, со кој се сретнал уште на почетокот на пандемијата, во февруари. Тој открил дека и неговата сопруга Ана Еберстејн била заразена.

Грант раскажал сè за чудните симптоми кои се појавиле кога се заразил, чудни особено тогаш во февруари, на самиот почеток на пандемијата, додека сè уште не се знаеше за симптомите за кои денес многу повеќе се знае.

Како што рекол, првиот симптом што го почувствувал било нагло и прекумерното потење.

– Беше навистина непријатно, изјавил познатиот актер. Наскоро потоа, се чувствував како да имам очи преголеми три броја. Подоцна, почнав да дишам тешко, како да седи голем човек врз моите гради – објасни тој.

Ова било проследено со губење на сетилото за мирис. Паниката почнала да го фаќа кога сфатил дека ништо не може да намириса.

– Сè што ќе најдев мирисав. Го мирисав буквално секој цвет, ѕиркав во корпата за отпадоци… Сакав да го помирисам секој туѓинец што ќе помине покрај мене. Кога тој ден се вратив дома, го испрскав парфемот на сопругата на лицето и не почувствував ништо – објаснил Грант.

Грант е актуелен со филмот The Undoing чија премиера беше на HBO на 25 октомври. Глуми покрај Никол Кидман во мистеријата за убиството исполнета со пресврт.

Треба да знаете
Последни објави