Министерката Радмила Шекеринска рече дека во овие моменти кога земјата се соочува со пандемијата, потребно е сите да бидат одговорни и да се најде начин за да се помогне.
– Со овие возила значително се зајакнуваат капацитетите да овозможат брза реакција на здравствените институции во моементи на тешки здравствени ситуациии.Тоа се возила кои даваат можност за транспорт на повеќе лица. Ги даваме како поддршка затоа што сега сите ресурси на државата, треба да ги насочиме тука, нагласи Шекеринска.