Јаховиќ со мотивирачка порака до своите репрезентативни колеги

Адис Јаховиќ играчот на турскиот тим Анталијаспор, веќе три години не е дел од македонската фудбалска репрезентација, но тоа не беше причина да им искаже поддршка на своите некогашни соиграчи пред денешниот (18 ч.) решавачки натпревар со Грузија во Тбилиси за пласман на ЕП.

Јаховиќ преку социјалните мрежи испрати мотивирачка порака за своите колеги.

-Ајде лавови, ајде другари, ајде легенди на Македонија… Ајде направете го овој народ горд, покажете дека и ние во Македонија знаеме да играме фудбал. Играјте за народот наш и за името на Македонија, напиша во пораката Јаховиќ кон своите екс-колеги од репрезентацијата.

Треба да знаете
Последни објави