Актуелниот американски претседател Доналд Трамп ја разгледува можноста за создавање на дигитална медиумска империја која ќе се натпреварува со Фокс њуз, пренесува порталот Аксиос.
Извори откриле за медиумот дека Трамп им рекол на пријателите дека сака да создаде дигитален медиум што ќе го уништи Фокс Њуз. Некои советници веруваат дека Фокс Њуз направи грешка откако го прогласи Џо Бајден за победник во Аризона. Досега само Фокс Њуз и АП го објавија Бајден за победник во таа сојузна американска држава.
– Тој планира да ја разбие Фокс. Нема сомнение во тоа, изјави извор.
Постојат многу спекулации дека Трамп ќе создаде ТВ-канал, но на интернет, бидејќи тој ќе биде поевтин и ќе проработи побрзо. Неговите обожаватели ќе плаќаат за гледање на ТВ-каналот. Многумина од нив ја гледаат „Фокс њуз” и американскиот лидер планира да ги привлече на неговиот тв-канал.