Битиќи: Здравството, судството, евроинтеграциите, економскиот раст, се главни постулати на буџетот

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во емисијата „Клик плус“ на телевизија 21 зборуваше за буџетот за следната 2021 година. Истакна дека тој лично би сакал поинаков буџет, но овој пат тој се кроел според условите кои ги создава пандемијата. „Пандемијата нема да заврши до половина на следната година, тоа значи дека буџетот не може во целост да биде развоен. Имаме три постулати според кои го креиравме, мора да се поддржи здравствениот сектор, потоа, тој да претставува увертира во економското заздравување и економскиот раст затоа што имаме неколкугодишна проекција и трето, да осигураме пари за реформите во судството и процесот на евроинтеграции, кои се клучни теми во овој мандат.“ – изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања на телевизија 21. Тој е оптимист дека буџетот ќе ги оствари проектираните приливи затоа што системскиот и структурен пристап кон буџетот не може да не донесе успех.

Треба да знаете
Последни објави