Прес-конференција на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и министерот за економија Крешник Бектеши.
Тема на прес-конференцијата ќе биде реализација на мерката финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста во износ од 20 милиони евра наменета за приватниот сектор, од третиот пакет економски мерки.
На прес-конференцијата за новинарски прашања ќе бидат присутни и вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими.