Водител на „Фокс њуз“ објави список на починати лица кои „гласале“ на изборите во САД

Кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп ги оспорува резултатите од неодамна одржаните претседателски избори, наведувајќи измами и неправилности, вклучително и гласање во име на починати лица, пренесува „Спутник“.

Водителот на „Фокс њуз“, Такер Карлсон, откри обемна листа на починати Американци кои „гласале“ на денот на изборите. Тој покажа списоци на граѓани кои се починати, но кои некако успеале да гласаат на изборите, „веројатно за Бајден“, како што рече. Проблемот, објаснува тој, е дека „не можете навистина да знаете кој гласа“.

„Демократите целосно го сменија начинот на кој гласавме на овие избори. Нашиот систем никогаш не бил толку неорганизиран и никогаш не бил поранлив на манипулација“, рече Карлсон.

Водителот им се нафрли на мејнстрим медиумите за целосно посветување на Џо Бајден и за некритикување на наводната измама на изборите, тврдејќи дека тоа го прават намерно. Карлсон тврди дека наводната изборна измама е олеснета преку гласањето по пошта.

„Мртвите луѓе имаат тенденција да гласаат почесто кога им олеснувате да гласаат“, кажа иронично водиделот.

https://twitter.com/RedWingGrips/status/1326697000138575873

„Изговорот беше Ковид.’ Требаше да го сториме ова од јавни здравствени причини , се сеќаваш ли?’,’ Немавме друг избор! Тоа беше итен случај за јавно здравје! ‘, рече тој, очигледно правејќи пародија со локалните гувернери.

„Ефектот беше да се поттикне измама“, заклучи Карлсон.

Карлсон ја посочи Невада како пример каде гласачките ливчиња беа испраќани до секој регистриран гласач во државата, без оглед дали тие побарале ливчиња или не, и каде повеќе од 40.000 регистрации не се ажурирани 10 години.

Карлсон претпоставува дека тие гласачки ливчиња може да бидат испратени до починати луѓе, добиени, а потоа уфрлени во гласачките кутии од некој друг. Според водителот на „Фокс њуз“, и лажните обвинувања за изборни измами можат да предизвикаат проблеми.

Сите големи американски медиуми го проектираа демократот Џо Бајден за избран претседател на изборите на 3 ноември. Сепак, Трамп одби да признае пораз и поднесе тужби во клучните држави, тврдејќи дека постојат нерегуларности во гласањето. Само во државата Мичиген, тимот на Трамп поднесе 131 заверена изјава и 2.800 извештаи за инциденти.

Неодамна, Џорџија се согласи да изврши целосно рачно пребројување на гласачките ливчиња на претседателските избори поради блискоста на резултатите.

Треба да знаете
Последни објави