Директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и началникот на Одделот за специјални полициски операции Бранко Трајановски денеска извршија увид во градежните активности на стрелиштето во касарната Илинден, соопшти МВР.
Министерството во соработка со Армијата на Република Северна Македонија отпочна со активности за изградба и опремување на стрелиште во касарната Илинден во која се наоѓа и базата на Единицата за специјални задачи на МВР.
Како што се наведува во соопштението, со реализацијата на овој проект значително ќе се подобрат условите за работа на припадниците на ЕСЗ и ќе се подигне нивото на нивната подготвеност.
-Изградбата на стрелиштето е придобивка и од економски аспект, бидејќи Министерството ќе заштеди значителни финансиски средства кои досега беа потребни за секојдневно транспортирање на припадниците до други стрелишта. Покрај ЕСЗ, ова стрелиште ќе го користат и специјалните единици на Армијата на Република Северна Македонија, наведуваат од МВР.