Донација за поубав престој на децата од градинката “Наум Наумовски Борче” во Центар

Општина Центар и општествено одговорните компании во континуитет се грижат најмладите да добијат најсовремени услови за рекреација.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ денеска, со Бобан Дамчевски, директор на компанијатата Дамчевски ДООЕЛ Скопје, увозници за германските бебешки производи “HIPP“, потпишаа договор за донација.

Договорот за донација се однесува на реконструкција на едно детско игралиште на територијата на општината. Станува збор за игралиштетото во клонот „Наум Наумовски Борче“ на детската градинка „Кочо Рацин“.

Реквизитите на игралиштето, се користат со години и се дотраени, застарени и несоодветни за користење.

На предвидениот простор ќе се постави нова гумирана подлога на вкупна површина од 115 метри квадратни, детска куќичка за играње, лулашка и фигура-лизгалка.

„Секогаш се трудиме на нашите деца да им ги овозможиме сите потребни услови за современ, безбеден и безгрижен престој во градинките. Со овој чекор, децата во градинката ‘Кочо Рацин’ – клон ‘Наум Наумовски Борче’ ќе добијат ново игралиште кое ќе им овозможи игри и многу безгрижни денови“, рече градоначалникот Богдановиќ, заблагодарувајќи се за донацијата.

Оваа донација, посочи градоначалникот, нека биде пример за тоа како една одговорна компанија се грижи и придонесува за подобрување својата околина и условите за престој на децата во градинките и да биде мотив плус и за другите општествено одговорни компании и правни лица и тие да го следат овој потег и своите постапки во иднина да го дадат својот придонес за доброто на нашите деца.

Треба да знаете
Последни објави