Маринко Роквиќ опериран е денеска во Клиничкиот центар на Србија. После рутинска контрола, лекарите утврдиле дека фолкерот мора да остане во болница, па извршен е хирушки зафат.
Пејачот во болница дошол поради контрола, а завршил на операциона маса. Според зборовите на членовите на семејството Роквиќ, фолкерот добро ја поднел интервенцијата и постоперативниот ток тече како што е планирано. Поради пандемијата на корона вирусот, сопругата и синовите се спречени да го посетат Маринко, ама упатени се во неговата здравствена состојба.
Вистина е дека тато вчера е опериран. Добро се чувствува и се надеваме дека се ќе биде во најдобар ред- рекол Никола.