Ким последен пат во јавноста пред 23 дена

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун последен пат се појави во јавноста пред 23 дена, но тоа не е невообичаено, соопшти официјален претставник на Министерството за обединување.

Ким последен пат бил виден во јавноста на 21 октомври за време на посетата на гробиштата на паднатите кинески борци во Корејската војна, а официјалното лице додава дека неговото отсуство нема посебно значење, пренесува „Јонхап“.

Во април, Ким исто така не се појави во јавноста 20 дена, а потоа медиумите шпекулираа дека неговото здравје е нарушено, и дека тој можеби починал, но набргу тоа беше демантирано кога се појави во јавноста.

Треба да знаете
Последни објави