Македонската репрезентација ќе подели 3.000.000 евра ако ја мине Грузија

УЕФА добро ги наградува репрезентациите кои изборуваат настап на завршницата од фудбалското ЕП. За учесниците на јубилејното ЕП-2020 кое е поместено поради пандемијата предизвикана од коронавирусот за идното лето наградата ќе изнесува по 9.450.000 евра и дополнителни бонуси за оставрените резултати и постигнати голови на завршниот турнир кој е испланиран да се игра во 12 градови ширум „стариот континент“.
Тоа значи дека ако Макеоднија вечерва (18 ч.) ја победи Грузија и избори премиерен настап на ЕП, касата на ФФМ ќе се преполни. Од овие средства ќе се офајдат и репрезентативците кои ќе бидат најзаслужни за постигнатиот резултат и добиената парична награда.
Оваа финансиска информација е дополнителен мотив за македонските репрезентативци да одиграат вечерва најдобро што знаат и умеат, а ФФМ ќе ги награди со 30 одсто од премијата која ќе ја добие од УЕФА. Тоа е сума од околу 3.000.000 евра која ќе биде одвоена за да ја поделат репрезентативците и стручниот штаб.
Репрезентација добро беше наградена и за освоеното прво место во групата од Д сегментот во Лигата на нации кои им овозможи да разигруваат за пласман на ЕП. За тој успех репрезентацијата имаше на располагање да подели 500.000 евра.
Треба да знаете
Последни објави