Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 19 години на денешниот втор контролен дуел одигран во Скопје со врсниците од Црна Гора ремизираше (1:1). На првата средба одиграна пред два дена македонските надежи со истиот ривал победија со 1:0.
Репрезентација за играчи до 19 година требаше да учествува на завршните квалификации за настап на ЕП со соодветните селекции на домаќинот од групата Шпанија, како и селекциите на Белгија и Бугарија, но поради пандемијата од коронавирусот истите УЕФА ги откажа, па овој репрезентативен термин го искористи да одигра два контролни натпревари.