Поранешниот телохранител на Анџелина Џоли (45) и Бред Пит (56), Марк Били Билингем некое време работел за една од омилените поранешни холивудски двојки, а сега откри како е да се работи за нив.
Имено, Марк сега реши јавно да проговори за своето работно искуство за семејството Џоли-Пит и откри дел од нивните работни навики и односот со децата.
Телохранителот навел дека работел за славната двојка година и пол и дека му било убаво да работи со нив. Во тоа време, неговата задача била безбедноста на нивните деца.
„Најмногу бев загрижен дали некој ќе се обиде да ги киднапира, поради парите некој би можел да го стори тоа. Двајцата многу внимаваа на тоа кој се движи околу нивните деца“, рече Марк во интервју за Woman’s Day.
„Единственото нешто што ме изненади за време на соработката со нив беше начинот на кој тие управуваат со своето време, како имаат доволно време за своето семејство, за работата, па сè до вклучување во добротворни активности“, призна Марк.
Тој работел и за некои други холивудски sвезди како Том Круз и манекенката Кејт Мос, но тврди дека Бред и Анџелина биле најљубезни.