Противпожарни екипи реагираа по дојава за чад во куќата на Дензел Вашингтон

Во атрактивната хациенда на актерот Дензел Вашингтон се насобраа многу пожарникари доцна синоќа откако соседите пријавиле дека има чад на вториот кат.

Екипите на противпожарната служба во Лос Анџелес потврдија дека биле распоредени на имотот на холивудскиот актер со површина од 29.000 квадратни метри во ексклузивната населба „Беверли Крест“ во средата навечер.

Подоцна беше објавено дека пожарникарите не нашле „активен оган“ кога се упатиле кон домот по дојава од соседите.

Не се знае дали актерот (65) бил дома за време на повикот, но сите во куќата биле безбедно евакуирани.

Претставникот на Дензел, Ален Најроб, во изјава за „Јуес тудеј“ рече: „Нема пожар и сите се добро и безбедни“.

Треба да знаете
Последни објави