По серијата обвинувања од страна на опозицијата за лошото менаџирање на пандемјата со Ковид -19 , албанскиот премиер Еди Рама возврати со обвинување и порака до граѓаните да не наседнуваат на дезинформаците на опозицијата.
Според него, опозицијата намерно пласира информаци за наводен колапс во болниците, со цел да предизвика паника меѓу населението затоа што „навистина се надева дека ќе се случи вакво нешто”.
-Многу бес од неорганизираниот одред опозиционери, без визија, без програма, без идеи, па дури ни знаење и верба, со прикажување пред вашите очи фотографии и докази од внатрешноста на болниците Ковид 1 и 3!Нема ни тронка вистина во нивните тврдења. Ви гарантирам дека болниците не се во колапс, бидејќи бројките споредено со Европа го потврдуваат тоа.Има болнички кревети, бесплатно лекување според истите стандради кои се применуваат во Европа, напиша меѓу другото Рама.
Додава дека тешко ќе биде уште неколку месеци, но тој ветува дека на крајот Албанците ќе успеат и ќе бидат уште посилни.
-Веривајте, бидете трпеливи, внимавајте на себе вашите сакани, почтувајте ги мерките,не потклекнувајте на лажни вести, на политичко-медиумските фабрикувани
информации и теории на конспирација! Пред нас се уште неколку тешки месеци,но и од оваа дива војна ќе излеземе посилни.Носете маска,одржувајте дистанца, бдете трпеливи, порачува Рама преку објава на социјалните мрежи.