Кујтим Фејзулаи, кој на 2 ноември уби четири лица и рани над 20 лица во центарот на Виена, го подготвувал својот стан за вооружен судир со полицијата. Тој го прегрупирал мебелот во неговиот стан, со цел да направи засолниште, во случај на престрелка со полицијата. Очигледно, како што покажува истрагата, тој сакал да се подготви во случај полицијата да го „посети“.
Неизвесно е дали тој направил подготовки за случајот со пристигнувањето на полицијата пред спроведувањето на терористичките намери или ако го преживее нападот, со цел таму да се засолни. Засега е сè уште нејасно како Фејзулаи со тешко оружје дошол во центарот на Виена.
Можните соучесници кои беа приведени ги отфрлија тврдењата на полицијата дека им помагале на терористичкиот напад или знаеле за тоа. Вкупно десет лица од окружувањето на Фејзулаји моментално се наоѓаат во затвор, вклучувајќи го и неговиот пријател, со кого беше во Словачка кога се обиде да купи муниција.